Братска пресметка: Стеф против Сет ќе се натпреваруваат во шутирање тројки!

Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари планира да му се приклучи на братот Сет, кој игра за Портланд, во натпреварувањето за шутирање тројки во тек на Олстар-викендот.

Натпреварувањето ќе се одржи на 16 февруари во Шарлот, каде што пораснаа браќата Кари.

„Самиот факт што ќе бидеме во Шарлот е убав почеток на нашата приказна. Нашиот татко играше таму 10 години“, кажа Стеф.

Инаку, Стеф сезонава е втор по број на погодени тројки – 191, зад Џејмс Харден, кој има 218 тројки.