Валенсија се подготвува за ЛШ: Пристигнува „страшно“ засилување од ПСЖ


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Минатата сезона ја завршија на четвртото место под водство на тренерот Марселињо, а во наредната одлучија дополнително да се засилат.

Според шпекулациите на радиото Монте Карло, Валенсија сака да го откупи договорот на Гонзало Гуедеш од ПСЖ.

Португалецот е еден од најталентираните фудбалери во Европа на крилните позиции, па поради тоа Валенсија сака да понуди 50 милиони евра, колку што бара ПСЖ за неговиот потпис.