Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Поради тоа што бил повреден одбил одлична понуда, а сега жали, но во моментот сакал финансиски да им наштети на „Ѓаволите“.
Ван Гал откри како му се „одмаздил“ на Јунајтед.
„Беа лоши, примав секакви удари, затоа одбив понуда од Белгија, само за да им земам на Јунајтед се, до последната фунта. Сега сфаќам дека тоа беше глупаво, не станува збор за пари, туку повредена гордост“, вели Ван Гал.
„Начинот на кој се однесуваа беше ужасен. Се беше наместено. Изјавите на Сколс по медиумите дека не сум заинтересиран да победувам и така го уништија мојот авторитет. Почнав да губам доверба кај играчите, па бев принуден да заминам“, додава Ван Гал.