Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Вардар славеше на гостувањето во Шведска кај тимот на Кристијанштад со тесни 32:30.
„Црвено црните“ налетаа на мотивиран противник и со многу мака на крајот успеаја да слават два бода со кои барем за кратко се искачија на втората позиција на табелата.
Домашниот тим на полувреме имаше предност од еден гол (17:16), но нашиот тим подобро го отвори вториот дел и со серија од 4:0 дојде до предност уште на стартот на вторите 30 минути.
Сепак потоа домашниот тим се врати во игра, но немаше сили да направи целосен пресврт, па може да се каже дека Вардар заслужено ги освои поените.
Одличен на голот на домашниот тим беше Ричард Капелин кој имаше 14 интервенции, додека фантастичен во нападот беше Гудмунсон со девет погодоци.
Кај нашиот претставник Даинис Криштопанс забележа осум поени, а одличен во вториот дел беше и Калифа Гедбан кој имаше неколку клучни интервенции.
Вреди да се напомене дека Тимур Дибиров немаше свој ден и реализираше само три голови од девет обиди.
Со оваа победа Вардар стигна до 17 поени од 13 одиграни кола и сега ќе ја чека пресметката меѓу Веспрем и Мешков за да дознае дали ќе остане на втората или повторно ќе падне на третата позиција на табелата.