Вардар се изнамачи со Ренова, прва победа за Работнички (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Вардар потешко од очекувањата со гол во самиот финиш од натпреварот ја победи Ренова на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари со 2:1.

Избраниците на Влатко Костов доста добро се држеа во текот на целиот натпревар, а потклекнаа во самиот финиш кога Фелипе со еден мајсторски удар го совлада Матија Кобетиќ.

Најпрво „црвено црните“ го отворија резултатот преку Барсегјан во 26 минута. Ерменецот доби употреблива топка од Демири, а на голот му претходеше велемајсторски потег на Фелипе кој меѓу двајца ја протна топката до левиот бек на Вардар кој ја сервираше до ногата на Барсегјан на кого не му беше тешко да го отвори резултатот.

На пет минути до одморот Емран Рамадани го изедначи резултатот со прецизен удар од дистанца.

Во второто полувреме Вардар имаше посед на топката, но не створи посериозни шанси до 83. минута кога Фелипе на мајсторски начин го совлада Кобетиќ. Претходно Хрватскиот голман имаше неколку добри интервенции по ударите на Глигоров и Барсегјан.

Работнички конечно ја запиша првата победа во сезоната откако со пресврт славеше против прилепска победа со 4:2. Прилепчани имаа солидно водство по првите 45. минути со головите на Благоја Гешоски и Филип Најдовски. Во тој момент се чинеше дека „Романтичарите“ ќе ја продолжат црната серија.

Сепак во вториот дел на сцена стапи  Кире Маркоски кој беше најзаслужниот за триумфот на гостите од Скопје. Најпрво во 57 минута од натпреварот охриѓанецот намали на 2:1, за само шест минути подоцна Емир Сахити да го изедначи резултатот на 2:2. Во 83. минута Маркоски со својот втор гол донесе голема радост за „Романтичарите“, а точка на натпреварот стави новото засилување Чарлс Гофри во 89. минута.

Лидерот во првенството Шкендија не покажа ни грам милост против тимот од Кратово, Силекс. Избраниците на Ќатип Османи со високи 5:0 славеа против кратовчани, а хет-трик на овој натпревар постигна новото засилување Изаир Емини. По еднаш во листата на стрелците се запишаа и Ферхан Хасани и Бесарт Абдурахими.

Академија Пандев продолжува со изненадувањата откако на „Младост“ во Струмица со 2:0 славеше против фаворизираниот тим на Пелистер. Домаќините во водство дојдоа во 58. минута преку Балдовалиев кој реализира удар од белата точка по претходното играње со рака во сопствениот шеснаесетник на Кристијан Тошевски .Точка на натпреварот стави американското засилување Травис Боуен во 82. минута.