До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бранителот на титулата, Челси до крајот на преодниот рок ќе се обиде во свои редови да донесе засилување во нападот, а прва желба на клубот е Един Џеко.
Трансфер драмата за Џеко продолжува и понатаму, но нема конкретни детали за можен договор, па поради тоа Челси сега е поврзуван со други алтернативи.
Со екипата од Лондон се поврзуваа во последно време многу напаѓачи од Питер Крауч, Енди Керол и Ешли Барнс, а нов на таа листа е напаѓачот на Лестер Сити, Ислам Слимани.
Слимани така стана уште еден во серијата напаѓачи кои се наоѓаат на радарот на „Сините“.








