Венгер бара фудбалер од средниот ред, гледа кон Порто

Фудбалерот на Порто би можел наскоро да го засили Арсенал.

Арсенал бара фудбалер од средниот ред ако му веруваме на англиските медиуми.

Венгер не е презадоволен со начинот на кои играат поединци, посебно тоа се однесува на Гранит Чака и на неговиот учинок.

Не забораваме дека Казорла е повреден, а Елнени не е во тимот бидејќи игра на АКН, па изборот на Венгер на средината на теренот се сведува на помалку фудбалери.

Поради тоа гледа кон пазарот.

Данило од Порто е на листата, вреди околу 40 милиони евра, а дали Венгер ќе реагира или не ќе дознаеме во следните денови.