Ветеранот не попушта: Картер ќе ја игра својата 21. НБА сезона

Иако одамна помина најдоброто време на Картер, овој ветеран сеуште не сака да се пензионира.

Тој се одлучи да потпише едногодишен договор со Атланта Ховкс вреден 2.4 милиони што е ветерански минимум.

Да потсетиме, тој својата кариера во НБА ја започна во 1998 година кога беше избран како петти пик од страна на Голден Стејт Вориорс, а веднаш беше трејдан во Торонто Репторс.

Во Торонто можеби би помина најдобрите денови во кариерата, а покасно играше и за Њу Џерси Нетс, Орландо Меџик, Феникс Санс, Далас Маверикс, Мемфис Гризлис и Сакраменто Кингс.

Во претходните 20 сезони просечно забележува 17.7 поени, 4.5 скока и 3.3 асистенции.