Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул утре играат натпревар во ЛШ на гости против Црвена Ѕвезда во рамките на четвртото коло од групната фаза.
Редзите во првиот натпревар славеа на свој терен, а и утре ќе бидат голем фаворит иако играат на гости. Веќе со денови се пишува за овој меч на Маракана, а најмногу во центарот на вниманието е Џердан Шакири кој со своја изјава ги „боцна“ неколку пати навивачите на Ѕвезда.
Познато е дека играчи кои се со потекло од Албанија не се баш добредојдени во Белград, а посебно Шакири, кој на Мундијалот ги провоцираше навивачите на Србија со покажување на двоглав орел. Иако порача дека не се плаши од атмосферата и дека едвај го чека натпреварот, денес се појави информација во англиските медиуми дека Клоп не сака баш да ризикува.
Наводно, Клоп вчера разговарал со швајцарскиот репрезентативец, па му порачал дека не е баш паметно да игра против Ѕвезда. Мирор пренесува дека Шакири дури би можел да остане во Ливерпул и воопшто да не патува во Белград, бидејќи Клоп не сака да крева тензии.