Во Јувентус се скаменија кога слушнаа кој ќе им суди против Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изборот на УЕФА предизвика многу коментари, а Алегри го заболе главата.

Реванш натпреварот ќе го суди Бјорн Куиприс, познат судија од Холандија. Тој е многу искусен, дури 11 години беше интернационалец, а го судеше и финалето во ЛШ кога Реал победи против Атлетико.

Ова ќе биде 7-ми пат да и суди на Барселона, во ЛШ минатата година им судеше во Рим, кога тие одиграа 1:1. Барселона нема некој резултат, само 2 победи, но една од тие беше контроверзна.

Поради тоа во Јувентус се плашат.

Милан играше ¼-финале во ЛШ, првиот натпревар заврши без победник 0:0. Одлично играа, имаа активен резулат, но во реваншот се случи нешто поинакво.

Куиприс свиреше 2 пенали, во 11-та минута кога Антонини стартуваше врз Меси. Барселона го превзема водството, но гостите израмнија преку Ночерино на 1:1.

Потоа следуваше моментот кога Неста и Бускетс се туркаа и Куиперс досуди пенал, па следуваа жестоки протести на играчите на Милан.

По натпреварот Италијаните го покажаа револтот, па сигурно Алегри ќе го боли глава поради овој натпревар.