Во Јунајтед не се радуваат на головите на Марсијал!

Марсијал вчера одигра многу добар натпревар кој на крајот би можел да ја одреди неговата судбина во Манчестер Јунајтед.

Постигна гол во победата против Вотфорд, а неговата игра ја пофали и Мурињо, кој оваа сезона не му даде многу шанса за игра.

Со оглед на тоа дека е платен 42 милиони фунти, навивачите на Јунајтед бараат многу повеќе од него, а интерес од тоа има и Монако.

Покрај сумата од околу 50 милиони која ја добија за него во трансферот, за дополнителните бонуси Јунајтед ќе треба да плати 10 милиони евра ако Марсијал стигне до 25-от гол во дресот на Јунајтед.

Голот против Вотфорд му е 24-ти и сега му недостига само еден погодк.

Јунајтед е должен да плати 10 милиони евра кога тој ќе дојде до 25 настапи за Франција додека е под договор со Јунајтед и уште 10 ако се најде на листата за номинирани играчи за „Златната топка“.

Третата опција не е реално, но претходните 2 ќе однесат 20 милиони евра од буџетот на Јунајтед.