Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На радарот на Рома е млад играч кој тешко ќе добие место кај Конте.
Станува збор за Чарли Мусонда кој се врати во Челси од позајмица.
Младиот играч остави добар впечаток во Бетис, а наредна станица за неговиот фудбалски развој би можела да биде Рома.
Директорот на Рома, Рики Масара вчера беше во Лондон каде што го гледаше дербито помеѓу Тотенхем и Челси, но главна причина за неговиот престој беше токму тој играч.
Во случај да не успеат преговорите, Рома има и план Б, а тоа е Џерар Деулофеу од Евертон.