Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светскиот шампион во Ф1 од 2009 година, Батон се враќа овој викенд.
Иако тој минатата година се пензионираше, остана дел од тимот на Мекларен како замена за Алонсо и Вандорне, а со оглед на тоа дека Алонсо нема да може да вози поради настапот во Индијанаполис, се отвори шанса за Батон.
„Кога добив повик, немав никаква дилема. Ова е единствената шанса, иако се ми делува многу нереално. Се радувам на враќањето, затоа што ова е една од најлудите трки.“
Тој сеуште го нема возено новиот болид, но неговото познавање на патеката ќе му ја олесни трката.
„Се чувствувам подготвен. Патеката ја знам многу добро и физички сум подготвен за големи предизвици.“