Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако во 2016. година пристигна во Интер како голем потенцијал, Габриел Саброса не губи надеж дека ќе добие шанса во дресот на тој клуб.
Интер на почетокот од оваа година го прати на нова позајмица, овој пат во бразилски Фламенго. Тој верува дека во Бразил ќе привлече внимание кон себе, покажувајќи им на челниците на Интер дека не погрешиле кога одлучиле да го ангажираат.
„Интер го продолжи договорот со мене и тоа значи дека ми веруваат. Млад сум, имам 22 години и ушто многу имам што да покажам“, јасен беше популарниот Габигол.
„Сконцентриран сум на Фламенго. Одлуката за преминување ја донесов со фамилијата, а Сантос за мене е завршена работа“, јасен беше фудбалерот кој некои го прогласија за промашување на деценијата на Интер.
Иако Фламенго сакаше да го купи, Интер се согласи само на позајмица, па Габигол до крајот на оваа година ќе игра во црвено-црниот дрес.