Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова никаде нема да го добиете, а како ќе се чувстуваат навивачите на Јувентус, за тоа не треба посебно да се зборува…
Наводно Интер се откажа од Симеоне кој и самиот е неодлучен и кој пред 2018 година нема да ја напушти клупата на Атлетико. На Пиоли оди одлично, но проблем е што Сунинг бара звучно име за клупата.
Денеска медиумите во Италија тврдат дека понуда ќе биде упатена кон Антонио Конте и таква што не може да ја одбие.
Звучи неверојатно, капитен, симбол, трофеен тренер, сега е на пат кон титулата во Премиер лигата, на клупата на Интер од лето?
Но, слушајте што му нудат.
Антонио Конте би заработувал 15 милиони евра нето и би бил најплатен на светот, првата понуда од 11 милиони ја одби.
Но, тоа што е најважно се средствата кои Сунинг му ги стави на располагање. Во прашање се 400 милиони евра за засилувања, со оглед дека доаѓаат само играчи од светска класа, а со тие пари, секако сдека Интер ќе создаде тим способен да ја прекине доминацијата на Јувентус.
Конте еднаш изјави дека со драга воља би работел во Интер и Милан бидејќи е професионалец, но исто така тој е на мета на Милан, но тогаш ја избра италијанската репрезентација бидејќи Росонерите немаа пари да направат сериозен тим.
Сега со Интер може да направи чудо, но тешко е да се очекува дека после само една сезона во Англија ќе се врати дома.