Гвардиола му се обрати на својот фудбалер: Ако имаш проблем, знаеш каде да ме најдеш!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити беше убедлив во ФА Купот против Бартон кој го доби со 9:0, но еден фудбалер на „Граѓаните“ не беше особено среќен.

Кевин Де Бруин бурно реагираше откако Пеп Гвардиола го замени во второто полувреме.

„Не сум разговарал со него такашто не знам што мисли за тоа. Доколку проблем постои, тој знае каде да ме најде“, јасен беше Шпанецот.

Тој исто така истакна дека Де Бруин имаше тешка година зад себе бидејќи во 2018. година одигра дури 52 натпревари за клубот со настапите за репрезентацијата на Белгија.

Белгиецот одби да ја прокоментира целата ситуација, но тешко дека од тоа ќе произлезе некој поголем проблем, бидејќи тоа често им се случува на фудбалерите кои сакаат да одиграат во текот на целиот меч.