Гвардиола сака Сити да стане најдобар тим во англиската историја!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новиот шампион на Англија, Манчестер сити, има неколку рекорди кои би можел да ги сруши сезонава.

Рекордите кои би можеле да бидат урнати сезонава се: најмногу голови во една сезона, најмногу поени во една сезона, најголем број победи во една сезона и најголема разлика меѓу првопласираниот и второпласираниот тим на табелата.

На Сити му недостига само еден гол за да го израмни рекордот на Челси од 2009/10 кога постигнаа 103 гола.

„Да се биде само среќен кога ќе се крене трофејот не е тоа. Бројките се факт и ние се надеваме дека ќе победиме во уште еден меч и ќе стигнеме до 96 бода“, кажа Гвардиола.