Гери Невил, тајниот навивач на Арсенал

 

 

Некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил синоќа беше на должност при отварањето на новата сезона од Премиер Лигата, но она што ги збунува фановите ширум светот е неговата голема радост по пресвртот кој го направија „Топчиите“.

Најбрутален во тролањето беше неговиот брат, Фил Невил кој на социјалните мрежи го запраша својот брат дали сега е навивач на Арсенал.

Гери Невил целата своја кариера ја помина како фудбалер на Манчестер Јунајтед и не ја крие својата страст кога се во прашање „Црвените Ѓаволи“, но синоќа тој малку претера со славењето.