„Ги разбирам навивачите, во право се“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер денеска беше поразен од Сасуоло со 2:1 во 36тото коло од Серија А.

Навивачите на Интер на овој натпревар истакнаа транспарент на кој пишуваше: „Бидејќи не ја заслужувате нашата подршка, ве оставаме и одиме на ручек“

„Ги разбирам навивачите. Овде сум веќе 5 години и секогаш ги гледам истите ситуации. Во право се. Интер не заслужува да биде седми или осми. Тие можат да бидат трпеливи но до одредена точка. Ова е најтешкиот период од кога јас сум во овој клуб“ – вели Хандановиќ.

Интер е осми на табелата со 56 бодови и 2 натпревари до крајот, а на табелата нема завршено над четвртото место уште од 2011 кога последен пат завршија на второто место.