Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клеман Грение е нов играч на Рома. Овој 26-годишен фудбалер дојде од редовите на Лион на позајмица до крајот на сезоната, по што Рома ќе има право да го откупи.
Од Рома се одлучија за овој фудбалер затоа што ги потсетувал на Пјаниќ.
„Ни требаше ваков играч. Грение е роден плејмејкер, има одлични каракстеристики и потсетува на стилот на Пјаниќ. Мислам дека секогаш во Франција го споредуваа со него.“
Оваа зима Рома сака да донесе и напаѓач. Сепак, засега не успеаа во тоа, иако Грегори Дефрел беше блиску до трансфер. На крајот Сасуоло ја одби понудата за својот играч, а Рома во сенка донесе едно засилување во редот за врска.
Рома во недела пред себе има тешко гостување во Сампдорија.