Голем потег во чест на легендата: Мајами го повлече дресот на Шекил О`Нил


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Мајами пред натпреварот со Лејкерс го повлече дресот со број 32 кој го носеше Шекил О`Нил.

Легендарниот центар помина 4 години во Мајами, а во 2006 година стигна до шампионскиот прстен.

Таа сезона во плеј-оф имаше просек од 18.4 поени, 9.8 скокови и 1.5 блокади. Заедно со Двејн Вејд беа најзаслужни за првата титула во историјата.