Големо засилување за Рено – Алан Прост ќе биде во тимот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот шампион во Ф1, Алан Прост е поставен за посебен советник во тимот на Рено за 2017 година.

Од Прост се очекува со своето големо искуство како возач, така и шеф на тим, да му помогне на тимот.

Прост возеше за Рено на почетокот на кариерата и ја освои титулата во 1993 година.

Тој во последните години беше амбасадор на Рено.

Прост имаше и свој тим во Ф1 од 1997-2001 година, а како главна цел во Рено се гледаат победите.

„Не сум прв пат во Рено, но воглавно ќе бидам зад сцената. Понекогаш е добро да сте во таква ситуација, донесувате важни одлуки и правите стратегија за иднината.“

Тој ќе присуствува на првите тестови во Барселона кои почнуваат на 27 февруари.