Големо засилување за Челси – Мозес се враќа во тимот!

Виктор Мозес ќе биде во конкуренција за натпреварот против Борнмут.

Овој играч се врати на тренинзите по повредата која ја доби на последниот репрезентативен собир, поради која ги пропушти последните 2 натпревари.

Тој во петокот имаше тренинг, а Конте кажа дека ќе одлучи денес дали ќе му даде шанса да игра.

Мозес оваа сезона одигра 27 натпревари за Челси во ПЛ и даде голем допринос во големите успеси на Челси, кој е прв на табелата.