Голманот на Чапе мислеше дека се повреди на меч: Моравме да му кажеме дека соиграчите се мртви


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Дали го освоивме ова натпреварување? Како помина натпреварот против Атлетико?“, беа првите зборови на бразилскиот голман на Чапекоенсе Хелио Нето после што се разбуди во болница не знаејќи дека преживеа пад на авионот и дека соиграчите му загинаа.

Нето мислеше дека се повреди на натпревар, а лекарите не сакаа одма да му ја кажат вистината па премолчија во страв за состојбата да не му се влоши.

Но Нето стана сомнителен после што виде дека повредите кои ги има тешко може да се случат на натпревар.

Болничкиот персонал немаше избор.

Моравме тоа да го направиме. Не можевме повеќе да чекаме. Во последните часови примети дека повредите на раката и на ногата се такви што не можат да се добијат на натпревар.

Зборувавме со неговиот татко и тој ни рече дека е вистинско време за Хелио да ја дознае вистината“, рече лекарот Карлос Мандонца од РиоНегро болницата во Медељин и додаде:

„Го направивме тоа во договор со психолог и неговиот татко. Кога дозна дека соиграчите му загинаа, беше многу емотивен. Ужасно го погоди тоа, но тој е силен“.

Нето е еден од тројцата играчи кои го преживееја падот на авионот во Колумбија во кој загина речиси цела екипа и стручниот штаб на Чапе.

Преживееја и Алан Рушел и Џексон Фолман, а Нето ноќта пред кобниот ден сонувал дека ќе се сруши авионот и и рекол на својата жена и додаде дека не сакал да оди.

На местото на несреќата, меѓу расфрланите работи во близина на остатоците, пронајдоа Библија, а на внатрешната страна е било обележано  името на Хелио Нето.

Маркираниот дел бил на Псалм 63 кој зборува за размислувањето на Бог во текот на ноќта и радоста во неговите крилја.

„Хелио е голем верник. Кога оди на патувања секогаш прво ја спрема Библијата. Ви благодарам што ова ми го дадовте“, рече Симоне на новинарот кој и ја предаде Библијата на сопругот.

Алан Рушел се врати во Чапе каде што во болница се опоравува од повредата здобиена во падот на авионот.

Рушел е опериран во Колумбија. Одбранбениот играч на Чапе беше прв кој се спаси во несреќата која однесе животи на 71 патници.

Во несреќата заработи неколку скршеници, но веќе направи неколку чекори. Вистинско чудо е што воопшто е жив.

„Сакам да ви кажам дека опоравувањето тече многу добро. Наскоро ќе се вратам во Бразил со  цел опоравувањето да го приведам на крај. Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката, за сите пораки кои ги примив. Благодарам на сите вас. Ви благодарам многу“, рече Алан.

Во Чапе се врати и новинарот Рафаел Хензел, кој ја опиша детално страшната несреќа.

Џексон Фолман е префрлен во болница во Сао Паоло каде што му ја оперираа кичмата.

Фолман претрпе тешко оштетување на десната нога и мораа да му ја ампутираат.

Поради дополнителни компликации, лекарите ќе мораат да му отстранат уште еден дел од ногата.