Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сагата околу наводниот трансфер на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Манчестер Јунајтед сеуште не е завршена.
Веќе колку месеци се шпекулира дека францускиот репрезентативец својата кариера ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед кој е спреми голема сума на пари за во ова лето да го купи напаѓачот на Атлетико.
Шпекулациите за овој трансфер не прекинуваат, а понуда од Олд Трафорд сеуште не стигна.
Гризман моментално се наоѓа во Франција на одмор после завршувањето на сезоната во Шпанија.
Овој напаѓач гостуваше во една емисија во која неизбежно беше прашањето за трансфер во Манчестер Јунајтед, т.е колку има шанси за Гризман во наредната сезона да го гледаме во дресот на Црвените ѓаволи.
„Повеќе ќе знаете во наредните недели, не сакам да го следам патот на Бекам, сакам да имам свој. Знам добро што ви зборувам и ретко некој фудбалер вака да зборува на телевизија. Шансите да одам во Манчестер? 6/10 да одам во Манчестер, а 7/10 да останам во Атлетико“, рече Гризман.