„Да го донесеше Дибала кога ти зборував, би ја освоиле Серија А!“

Дибала по двата голови против Барселона стана апсолутен хит во Европа.

Одличниот играч пред неколку денови потпиша нов договор со Јувентус до 2022 година, но малку е познато дека Палермо некогаш го нудеше на Наполи.

Барем така тврди Зампарини, кој го советувал Де Лаурентис да го донесе Дибала.

„Открив многу фудбалери од Јужна Америка. Пасторе и Кавани се мои откритија, а еве сега и Дибала. За малку ќе заплачев кога гледав како им постигнува 2 голови на Барселона.“

„Му испратив на Де Лаурентис порака во која напишав: Да го донесеше Дибала кога ти зборував, сега ќе ја освоеше Серија А.“

Дибала во 2015-та година потпиша за Јувентус за 33.7 милиони евра.