Даниел Рикиардо се разделува со Ред Бул

Австралискиот возач во Формула 1, Даниел Рикиардо реши да го напушти Ред Бул на крајот на сезоната.

Австралијанецот стигна во Ред Бул пред 10 години како член на јуниорскиот тим, а дебитираше во 2011. година на Големата награда на Англија.

„Целосно ја почитуваме одлуката на Даниел да го напушти тимот. Му посакуваме само најдобро во иднина и би сакале да се заблагодариме за сите успеси со нашиот тим“, соопштија од неговата екипа.

Во својата кариера во Ред Бул, Даниел беше 29 пати на победничкиот престол, а седум пати успеа да победи.