Два гола и асистенција за Несторовски (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски одигра одличен натпревар против Карпи постигнувајќи два гола на кои додаде и една асистенција во победата на неговиот тим со 3:1.

Најпрво Несторовски го отвори резултатот со гол постигнат со глава во 10. минута од натпреварот. Нашиот репрезентативец зголеми на 2:0 во 36. минута и со тој резултат се замина на одмор.

Прилепчанецот во 83. минута го заокружи својот одличен настап со асистенција за голот на Ембало.

Вториот македонски репрезентативец во Палермо, Александар Трајковски остана на клупата за резервни фудбалери.