Де Лаурентис: Не се плашам од Јувентус!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Де Лаурентис тврди дека Јувентус има многу привилегии поради семејството Ањели.

„Ние сме единствен клуб во Италија, кој нема долгови во банка. Наполи има третина помали приходи од Јувентус, но нашите сметки се подобри од нивните. Меѓутоа, Јувентус припаѓа на моќно семејство во Италија, а Ањели на таа позиција е преку 100 години. Не мислам дека меѓусебниот дуел во Торино ќе го реши шампионот. Има многу добри натпревари, одлуки и многу други работи. Но јас не се плашам од Јувентус“, вели Де Лаурентис.