Депај одлучи да се пресели во Серија А?

Мемфис Депај би можел кариерата да ја продолжи во Италија.

Неговиот нов клуб би требало да биде Милан, кој покажува сериозен интерес за 24-годишниот играч на Лион.

Депај се врати во Франција, по лошата епизода во Манчестер јунајтед, па за екипата на Лион одигра 59 мечови и постигна 17 голови и 18 асистенции.