Дефанзивата на Челси ќе биде уште посилна следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стигна потврда од Данска, на лето на Стемфорд Бриџ се враќа дефанзивецот кој оваа сезона беше пратен на позајмица во Бундеслигата.

Во интервју за данскиот весник, Андреас Кристенсен потврди дека на крајот од сезоната ќе се врати во Лондон.

Репрезентативецот на Данска игра одлично во дресот на Борусија Менхенгладбах каде игра втора сезона во низа како позајмен од Челси. Убеден е дека играчки созреа да се бори за место под сонцето во тимот на Антонио Конте.

„Кога ќе се заврши сезоната се враќам во Англија. Одам да го импресионирам мојот нов тренер“, изјави Кристенсен.

Челси го доведе Кристенсен од Брондби кога имаше 16 години. Досега има одиграно само три натпревари за сините во сениорска конкуренција.