Дефанзивец го напушта Ливерпул – Ќе се бори за титула во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Заборавениот дефанзивец на Ливерпул наскоро ќе го напушти Енфилд.

Мамаду Сако е на излезни врати од Ливерпул бидејќи тренерот Јирген Клоп од летото не смета на него.

Французинот е надвор од тимот од почетокот на сезоната, па заминувањето е очекувано.

Шпанските медиуми соопштија дека тој е најблиску до трансфер во Севиља бидејќи Хорхе Сампаоли сака да ја засили дефанзивата.

Ливерпул сака да го продаде, но не под 25 милиони евра, а Севиља е спремна да плати.

Интерес за овој фудбалер покажаа и ВБА, Кристал Палас и Галатасарај, но јасно дека Севиља е најдобрата дестинација.

Севиља е трета на табелата во Ла Лига со еден бод помалку од Барселона која е втора и седум помалку од лидерот Реал Мадрид.