Добри вести за Баерн, се вратија првотимци


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Баерн се среќни поради брзото враќање на терен на шпанскиот фудбалер.

Тиаго Алкантара конечно се врати на тренинзите во Баерн после повредата која ја доживеа пред неколку недели.

Вчера Алкантара се врати на тренинзите и тренираше на еден тренинг во близината на стадионот, но не во придружбана соиграчите, додека денеска во целост се врати во ритам и спремен е повторно да помогне на тимот да освојува нови бодови во Бундеслигата.

Тој пред три недели се повреди на подготовките во Доха, имаше проблем, но сега се реши и ќе биде во целост спремен за Арсенал, меч од ЛШ кој е на програмата за 20-тина денови, иако ги пропушти подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Вчера не тренираше капитенот Филип Лам, кој беше на погреб кај Роман Херцог, некогашниот претседател на Германија, а денесак и тој се врати на тренинзите.