Досадно манчестерско дерби – Сити и Јунајтед не беа расположени за погодоци


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед одиграа без погодоци на Итихад, 0:0.

Серхио Агуеро во првите десетина минута игра ја погоди стативата. На другата страна се обиде Миктаријан чиј удар го одбрани Браво.

Де Хеа фантастично реагираше по ударот на Агуеро. Ерера пред крајот на првото полувреме пропушти огромна шанса за погодок кога со глава шутираше непрецизно.

Фелаини натпреварот го заврши порано бидејќи доби црвен картон, а до крајот останаа почетните 0:0.