Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Манчестер Јунајтед денеска го освои Лига Купот после победата над Саутемптон од 3:2.
Јунакот беше Златан Ибрахимовиќ со 2 погодоци.
„За ова дојдов овде. За игра и да победувам, па и победив. Ова ме мотивира да играм уште подобро, бидејќи секој трофеј е моја мотивација. Колку сум повеќе постар толку повеќе ги ценам трофеите. Каде и да сум играл досега сум освојувал нешто“ – изјави веселиот Ибра после победата над Саутемптон.
„Знаев дека со Јунајтед ќе освојувам трофеи. Го најавив тоа кога потпишав. Некои не веруваа во тоа, но јас бев подготвен и дојдов на истите тие да им покажам. Покажав дека го можам тоа што го сакам“ – додаде Ибрахимовиќ.