Дракслер нема да игра повеќе: Се знае цената за која би бил слободен

Германскиот фудбалер, Дракслер нема да игра за Волфсбург против Баерн овој викенд.

Дракслер нема да игра во тимот бидејќи на почетокот на неделата јавно кажа дека ќе го напушти тимот, а германските медиуми пренесуваат дека тој нема да одигра повеќе ниту еден натпревар за тимот.

Тоа значи дека тој сигурно во јануари ќе замине од клубот, а Волфсбург за неговите услуги бара 36 милиони евра.

Да потсетиме, тој во редовите на Волфсбург стигна од Шалке во 2015-та година за 36 милиони евра.

Оваа сезона одигра 11 натпревари, а не постигна ниту еден гол.

За неговите услуги долго време се заинтересирани Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен.