Драматичен крај во Милано – Бака го реши Каљари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес беше одигран натпреварот во Серија А помеѓу Милан и Каљари, а истиот заврши со победа на Милан од 1:0.

Во првото полувреме немаше ништо посериозно, освен тоа што Абате мораше да го напушти теренот поради повреда, а на негово место влезе Антонели.

Во 68-та минута Каљари постигна гол, поточно Исла, но судијата досуди недозволена ситуација и голот беше поништен.

Во 88-та минута Лападула имаше одлична асистенција до Бака, кој немаше проблеми да постигне гол и да го донесе Милан во водство.

Во 4-та минута од судиското продолжение Алвес добива директен црвен картон и останува Каљари со играч помалку.

Последната шанса на натпреварот ја имаше Лападула кој се обиде да постигне гол од слободен удар од голема далечина. Ударот беше силен, но помина блиску над пречката.