Дресот на Интер за следната сезона: Навивачи се лути (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чао, жолта боја.

Интер во наредната сезона влегува со нови желби, веројатно со нив тим и сигурно со нов дрес.

Како што е по обичај при крајот на секоја натпреварувачка година, така во јавноста прочури фотографија на спортската опрема која Нероаѕурите ќе ја носат од август.

Во принцип, нема голема разлика во однос на актуелниот дрес, бидејќи и овој е направен со цел да се испочитуваат боите на клубот, сината и црната, но во однос на овосезонскиот, целосно е отфрлена жолтата боја од употреба.

На дресот е логото од долгогодишниот спонзор, Пирели, како и броеви на грбот, а играчите ќе носат и стручни со истата боја.

Компанијата Најк се одлучи за шорцеви во црна боја.

Навивачите на друштвените мрежи, судејќи според првите впечатоци, најмногу им сметаат дебелите црни пруги на дресот, и велат дека личи на бар код.