Едно е сигурно: Бенатија заминува, но позната е и неговата замена во редовите на „Старата дама“

Јувентус очигледно сака да ја засили одбраната бидејќи планира да донесе уште еден дефанзивец доколку Мехди Бенатија го напушти клубот.

На листата се многу имиња, прво е она на Матис де Лихт, но на неа се најде и фудбалерот на Бенфика, Рубен Дијас.

Португалски Рекорд тврди дека скаутите на Јувентус биле воодушевени од партиите на 21-годишниот репрезентативец на Португалија во ремито со Италија на „Сан Сиро“.

Неговата селекција не прими погодок што е доволна препорака актуелниот шампион на Италија да тргне во акција.

Меѓутоа, тоа ќе ги чини нешто повеќе од 30 милиони евра колку што Лион нудеше изминатото лето за Дијас.