Жозе Мурињо сака да се врати на клупата на Интер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Жозе Мурињо наводно одлучил што поскоро да се врати во својот поранешен клуб, Интер.

Тој е без работа од декември, откако беше сменет од клупата на Манчестер Јунајтед, но веднаш после тоа се поврзуваше со превземање на неколку клубови,

Како што наведуват медиумите во Италија, педесетгодишниот Мурињо се надева на враќање во Интер, со кој порано го освои италијанското првенство и ЛШ.

Интер моментално се наоѓа на третото место во Серија А, но Спалети никако да го изваде најдоброто од својот тим.

Доколку не се квалификуваат во наредната фаза од ЛШ, сигурно дека ќе дојде до промена на клупата на Интер, а тоа би можело да значи враќање на Мурињо.