Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес заврши и последниот натпревар од програмата во Евролигата.
Се играше големото дерби помеѓу Црвена Звезда и Анадолу Ефес, а гостите направија голема сензација во Србија.
Натпреварот добро го отвори тимот на Црвена Звезда која имаше водство во првата ¼-на со 20:16, а потоа следуваше пресврт. Како да се разбуди ѕверот во тимот на Ефес и на полувремето тие заминаа со предност од 47:36.
Вториот дел повторно добро го отворија Србите кои имаа водство од 16:14 во третата ¼-на, но потоа повторно одлична игра на гостите и победа на крајот од 86:72.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Дерик Браун со 20 постигнати поени од гостинскиот тим.