Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адам Џонсон кој е осуден на затворска казна од 6 години поради сексуален однос со малолетно лице, формираше клуб во затвор.
Поранешниот играч на Сандерленд и Сити одлучи да си ги скрати деновите во затвор со играење на фудбал. Тој заедно со колегите формираше тим под име Суперѕвездите на Џонсон.
Тие играат на теренот во ХМП Мурленд, затвор во кој служат казна. Тој инсистира тој и неговите соиграчи да излезат 10 минути пред натпреварот на теренот за да се подготват за натпреварите.
Џонсон може да игра 2 пати неделно, а неговиот тим може да игра против тимови од истото крило на затворот.
„Не изгледа како да поминува пекол. Му гледаат низ прсти затоа што беше англиски репрезентативец и ѕвезда во ПЛ.“