„Златна копачка“ – Меси повеќе не е сам на врвот, каде исчезна Роналдо?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И овој понеделник продолжуваме да ја следиме интересната трка за “Златната копачка“.

Делува дека во оваа сезона трката за престижната награда за најдобар стрелец во Европа ќе биде многу интересна.

Во минатата недела се играа две кола, а иако Лионел Меси постигна два гола (двата на мечот со Севиља), напаѓачот на Спортинг од Лисабон Бас Дост постигна хет-трик и се израмни со Аргентинецот.

Покрај тоа, одличниот Роберт Левандовски му се доближи на само гол заостанување, па така Меси ќе мора додаде гас доколку сака да ја освои оваа награда прв пат после 2012/13.

Меѓу топ 10 најдобри стрелци, голови во овој викенд постигнаа Един Џеко, Андреа Белоти, Ромелу Лукаку и Единсон Кавани.

Уругваецот постигна најмногу првенствени голови, дури 29, но коефициетот на Лига 1 – 1.5 поради што има и помалку бодови.

Интересно е и тоа дека Кристијано Роналдо, четирикратниот освојувач на оваа награда, е дури на 14 место со 19 постигнати голови и тешко дека ќе може да се вмеша во борба за врвот.

Играч Клуб Голови Број на бодови
1.Лионел Меси Барселона 27 54
2.Бас Дост Спортинг 27 54
3.Роберт Левандовски Баерн Минхен 26 52
4.Пјер Емерик Обамејанг Борусија Дортмунд 25 50
5.Луис Суарез Барселона 24 48
6.Един Џеко Рома 24 48
7.Андреа Белоти Торино 24 48
8.Ентони Модесте Келн 23 46
9.Ромелу Лукаку Евертон 23 46
10.Единсон Кавани ПСЖ 29 43,5