Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Поранешниот играч на Германија, Бастијан Швајнштајгер го раскина договорот со Јунајтед и потпиша за Чикаго кој се натпреварува во МЛС лигата.
Тренерот на Јунајтед, Мурињо е најголем виновник за неговото заминување од Јунајтед, па се извини за лошиот третман кон Германецот.
Швајни го прифати извинувањето и кажа дека и понатаму ќе навива за Јунајтед.
„Неговите зборови го покажуваат неговиот карактер. Ситуацијата не беше среќна за мене, ниту за него, но јас му посакувам се најдобро на клубот. Се надевам дека ќе се пласираат во ЛШ. Ќе ги гледам нивните натпревари и ќе навивам да победат во секој.“
Швајни одигра 2 натпревари за Чикаго и постигна 1 гол, на дебито против Монтреал.