Ибрахимовиќ е блиску до потпис со…


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Повторно е актуелна приказната за фудбалерот на „црвените ѓаволи“, Златан Ибрахимовиќ, кој треба да се пресели во Лос Анџелес Галакси.

Телевизискиот аналитичар, Тејлор Твелман прв објави дека преговорите се блиску до реализација, но дека сепак се` уште ништо не е официјално потпишано.

Најтрофејниот клуб во Англија, Манчестер Јунајтед го донесе Алексис Санчез од редовите на Арсенал и поради тоа минутажата на Ибрахимовиќ ќе биде се помала, па Швеѓанецот сака да замине.

Ибра во Манчестер пристигна во 2016 година од ПСЖ и од тогаш одигра 33 натпревари и постигна 17 голови во ПЛ.