„Играчите беа импресионирани од химната на Лигата на шампионите“

Тренерот на Лестер Сити Клаудио Раниери тврди дека неговите фудбалери го изненадија Клуб Бриж на отворањеот на дуелот.

Лисиците дебито во Лигата на шампионите го отворија со победа од 3:0, и се на чело на првото место во групата Г после едно коло.

„После поразот од Ливерпул оваа победа ни беше потребна. Рано го постигнавме голот и ги изненадивме. Клуб Бриж играше добро и ја контролираше поседот на топката, но ние го контролиравме мечот и тоа беше добро за нас“, рече Раниери, и додаде:

„На почетокот на дуелот ги изненадивме.  Им реков на играчите дека химната од ЛШ секој ќе го мотивира и ќе го натера да се бори сите 90 минути и се чини дека тоа и го направија“, заклучи Раниери.