Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус се подготвува за натпреварот против Барселона во ЛШ, а Игуаин откри колку му било тешко кога морал да змаине од Реал Мадрид.
Игуаин во дресот на Реал играше од 2007 до 2013 година, а во тој период постигна 121 гол.
Од Реал замина во Наполи во кој помина 3 одлични сезони, пред да го облече дресот на Јувентус.
„Поради фудбалот плачев од среќа, но и од тага.“
„Секако дека плачев кога заминав од Реал Мадрид.“
„Слично беше и кога го напуштив Наполи. Секогаш ги сакам местата на кои што играв, беше многу тажно да се замине од тие тимови.“
„Сите знаат колку го сакам Мадрид, но сега играм за Јувентус, а натпреварот против Барселона ќе биде посебен, во можност сме да го исфрлиме големиот ривал.“
„Веруваме во себе и сигурни сме дека може да поминеме, подготвени сме за борба до крај во двата натпревари.“