Идната ѕвезда на бразилскиот фудбал на прагот од Ливерпул?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Изгледа дека Редсите се многу заинтересирани, се пишува и дека понуда е испратена.

Јирген Клоп испрати свои скаути во Бразил, а на основа на извештаите кои ги добиваше во претходните месеци, во соработка со управата на клубот договори да се испрати понуда за младиот Родриго.

Се аботи за младиот, 17-годишен фудбалер на Сантос, кој многумина го споредуваат со Нејмар.

Се пишува дури дека имало понуда и во јануарскиот преоден рок, но дека таа е одбиената бидејќи бразилскиот клуб смета дека може да извлече далеку повеќе од Ливерпул.

Сантос е познат по својата школа за фудбал, се изредија неколку првокласни играчи, ќе видиме дали и ова момче е еден од нив.