Изненадување – Играч на Интер на прагот од Челси!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Голем број на играчи се доведувани во врска со премин на Бриџ во ова лето, ова име е прв пат во таква конотација.

Имено, како што Скај Спортс пренесува до крајот на преодниот рок во редовите на Челси треба да стигне францускиот фудбалер од редовите на милански Интер Џонатан Бијабијани.

Ова момче на големата сцена тргна токму во редовите на Нероаѕурите, а во првиот тим го внесе Рафа Бенитез, а после тоа често беше на позајмици.

Во оваа сезона не беше во плановите на ниту еден тренер, а знаеме дека моментално на клупата на Интер е трет стручнак од почетокот на сезоната.

Настапи само три пати во оваа сезона, сите три пати во Лига Европа.

Конте сака да го доведе како конкуренција за десната аут линија, како алтернатива за Мозес или пак Педро или Вилијан кои играат нешто поофанзивно по таа страна.