Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Лестер во последните 2 натпревари игра многу подобро во однос на претходниот дел од сезоната.
Актуелниот шампион се разбуди по заминувањето на Раниери, а тимот на одличен начин го води Крег Шекспир, кој победи против Ливерпул и Хал.
Иако се очекуваше на клупата на Лестер да дојде некој друг тренер, сепак на крајот нема ништо од тоа.
Лестер до крајот на неделата ќе добие тренер, а тоа ќе биде токму Шекспир.
Раководството на тимот е задоволно со работата која тој ја направи во претходните 2 натпревари.
Екипата игра препородена и одлучено е тој тренер до крајот на сезоната да остане на клупата во ПЛ.
Одлуката на раководството ќе биде објавена до крајот на неделата и други кандидати за оваа позиција повеќе нема.
Лестер со 2 победи побегна од опасната зона. Сега се 5 бодови над Миделсброу кој е прв во редот за испаѓање, а за викенд ги чека дуел со Вест Хем.